2008

  • Уставниот суд на Црна Гора во посета на Уставниот суд на Република Македонија

    Од 7 до 10 мај 2008 година Уставниот суд на Црна Гора во полн состав (претседателот на Судот д-р Милан Марковиќ и пет судии) престојуваше во посета на Уставниот суд на Република Македонија. Оваа посета беше прва официјална билатерална средба на уставните судови на двете земји по нивното осамостојување. За време на посетата беше остварена…

    ,
  • Посета на судиите на Уставниот суд на Црна Гора

    На 09.05.2008 година, во 10 часот, во посета на Уставниот суд на Република Македонија ќе престојуваат судиите на Уставниот суд на Црна Гора во полн состав, во функција на размена на искуства. Во текот на денот, судиите на Уставниот суд на Црна Гора ќе бидат примени од Претседателот на Република Македонија.

    ,
  • Известување за одржување на подготвителна седница

    Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 22 април 2008 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр.101/2007 за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 2 став 1 и член 24-б од Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/2007),…

  • Учество на Конгрес во Регенсбург

    Судијата на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Игор Спировски од 11 до 13 февруари 2008 година ќе престојува во Регенсбург, Германија каде што ќе учествува на Конгресот за уставните промени во Југоисточна Европа. Конгресот се одржува во организација на Германската фондација за меѓународна правна соработка и Универезитетот во Регенсбург. На Конгресот учествуваат универзитетски професори и…

    ,
  • Прес-конференција за работата на Судот во 2007 година.

    На 14 февруари 2008 година (четврток) во 11,00 часот во салата за седници на Уставниот суд на Република Македонија ќе се одржи прес-конференција за работата на Судот во 2007 година. Работата на Судот во 2007 година ќе биде презентирана преку бројчани податоци и преку посебно значајни теми. Ве покануваме да присуствувате и активно да учествувате на…

  • Нова WEB адреса

    Уставниот суд на Република Македонија ја промени својата WEB – адреса во www.ustavensud.mk или www.constitutionalcourt.mk

  • Откажување на јавна расправа

    Јавната расправа по предметот У.бр.77/2007 закажана за 31 јануари 2008 година со почеток во 10,00 часот СЕ ОТКАЖУВА по повлекување на барањето за заштита на слободите и правата по основ на пол, национална и политичка припадност, заради остварување на правото на вработување.

  • Официјално отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур

    Од 23- 26 јануари 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и генералниот секретар на Уставниот суд г-ѓа Милица Николовска присуствуваа на официјалното отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Настанот започнa со семинар на тема „Улогата на консензусот во системот на Европската конвенција…

    ,
  • Известување за одржување на јавна расправа

    Уставниот суд на Република Македонија на 31 јануари 2008 година, со почеток во 10,00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.77/2007 за заштита на слободите и правата по основ на пол, национална и политичка припадност