XI Meѓународен конгрес за европско и меѓународно уставно право, Регензбург

Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски на 4 и 5 декември 2009 година ќе учествува на XI Meѓународен конгрес за европско и меѓународно уставно право што се одржува на Универзитетот Регензбург во Германија. Тема на Конгресот ќе биде: Европа и нејзините устави: 20 години подоцна“.