Втор регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

Втор регионален форум за владеење на правото во Југоисточна Европа

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-ѓа Елена Гошева и
судијата на Уставниот суд г-ѓа Вангелина Маркудова учествуваа на Вториот
регионален форум за владеењето на правото во Југоисточна Европа што се одржа на
6 и 7 март 2015 година во Белград, во организација на AIRE Центарот и
Бранителите на човекови права. На Форумот учествуваа судии во Европскиот суд за
човекови права кои доаѓаат од регионот, претставници на врховните и уставните
судови од регионот, директорите на Академиите за обука на судии, владините
агенти за застапување пред Судот во Стразбур и претставници на невладините
организации. Целта на Форумот беше да ја промовира имплементацијата на
Европската конвенција за човекови права во регионот и да ја поттикне
регионалната соработка во сферата на владеењето на правото и заштитата на
човековите слободи и права.