Учество на VIII Светски конгрес на Меѓународното здружение за уставно право (5-10 декември, Мексико Сити)

Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски учествува на VIII-от Светски конгрес на Меѓународното здружение за уставно право што се одржува од 5-10 декември 2010 во Мексико Сити.

Темата на Конгресот е „Уставите и принципите“. Судијата Игор Спировски на Конгресот учествува со труд под наслов: „Поделба на власта и консоцијално споделување во Република Македонија: Случувања и перспективи“.

Програмата на настанот како и писмените трудови на учесниците и други подетални информации можат да се најдат на веб страницата на Конгресот: http://www.juridicas.unam.mx/wccl