Учество на тркалезна маса во Сараево

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Лилјана Ингилизова -Ристова и судијата д-р Бајрам  Положани од 21 – 22 мај 2004 година во Сараево учествуваат на тркалезна маса: “Транзициските искуства на уставните судови со посебен осврт на заштитата на човековите права”, во организација на Уставниот суд на Босна и Херцеговина.

Во работата на оваа тркалезна маса учествуваат и претседателите и судии на Уставните судови на Република Словенија, Република Хрватска и Србија и Црна Гора, на која се разменуваат мислења за повеќе стручни прашања од интерес за взаемната соработка на петте Уставни судови и унапредување на уставно-судската мисла и пракса.