Учество на претседателот на Судот, Сали Мурати на видео конференциски состанок организиран од Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа

На покана од Претседателот на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа, г.Лендер Вербек, претседателот на Уставниот суд, г. Сали Мурати, учестуваше на видео конференцискиот состанок кој се одржа денес на 21 април 2021 година.

Видео состанокот се одржа во рамките на најавениот мониторинг на Република Северна Македонија од страна на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа кој спроведува регуларен мониторинг на сите земји-членки на Советот на Европа коишто ја имаат потпишано и ратификувано Европската повелба за локалната самоуправа.

На состанокот беа дискутирани прашања кои се однесуваат на имплементацијата на Препораката на Конгресот 329(2012) „Локалната демократија во поранешна Југословенска Република Македонија“, Положбата на Европската повелба за локална самоуправа во домашниот правен систем на Северна Македонија, правната заштита на локалната самоуправа во Северна Македонија и пристапот до домашните судови, како и развојот на легислативата којашто се однесува на локалната самоуправа.

Претседателот на Судот, Сали Мурати, на овој мониторинг состанок на Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа, имаше свое излагање во кое подетално ги презентираше следниве прашања коишто се однесуваат на: уставната положба на локалната самоуправа, законската рамка со која е регулирана локалната самоуправа, надлежностите на Уставниот суд преку кои одлучува за прашања што се однесуваат на локалната самоуправа при што презентираше и статистички податоци од последните 10 години од уставно-судската практика во однос на примените предмети во кои беа оспорени актите на единиците на локалната самоуправа како и релевантни ставови на Судот одлучувајќи по одредени прашања коишто се однесуваат на локалната самоуправа. Исто така, во своето излагање претседателот, се осврна на прашањата кои се однесуваа на надзорот над работата на локалната самоуправа, заштитата на уставната положба на општината и правна заштита од актите на локалната самоуправа, и на крајот се осврна на анализа и примена на Европската повелба за локална самоуправа со нагласок дека македонската правна регулатива што се однесува на локалната самоуправа, е усогласена со истата.

Излагањето на претседателот на Судот