Уставниот суд на Република Ерменија е домаќин на 9-та Меѓународна Конференција во Ереван насловена како “Обезбедување на принципот на супрематија на правото во уставната правда”. Конференцијата се организира во соработка со Европската Комисија за Демократија преку Правото (Венецијанска Комисија) на Советот на Европа и Меѓународната Организација “Конференција на телата за уставно-судска контрола на државите со млада демократија”.
Делегација на Уставниот суд на Република Македонија, предводена од Претседателот на Судот, Г-ѓа. Лилјана Ингилизова-Ристова, како и судиите Г-ѓа.Вера Маркова и Г-дин.Махмуд Јусуфи ќе присуствуваат на оваа Конференција. Се очекува оваа конференција да им овозможи на учесниците дискусија за различни аспекти на принципите на владеење на правото и супрематијата на правото. Се очекува конференцијата да претставува форум каде ќе бидат покренати различни прашања кои се однесуваат на уставната правда, при што ќе се разменат мислења и ставови со цел јакнење на соработката меѓу Уставните судови и развој на уставно-судската правна мисла.
Конференцијата ќе се одржи од 14-16 октомври во Ереван, гладниот град на Ерменија.