Учество на Подготвителниот состанок на XIV-от Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови.

Во периодот од 6 до 9 септември 2006 година делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Махмут Јусуфи, а во состав од Милица Николовска, генерален секретар на Судот и м-р Симона Герасимова – Јовановска, советник, зеде учество на Подготвителниот состанок на XIV-от Конгрес на Конференцијата на Европските уставни судови што се одржа во Вилиниус, Република Литванија. Во текот на Состанокот, “Кругот на Претседатели” на Конференцијата на Европските уставни судови, чиј полноправен член е и Уставниот суд на Република Македонија, усвои 14 резолуции.