Учество на Подготвителниот состанок за XVI Конгрес на Европската конференција на уставните судови одржан во Виена, Австрија

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски на 10 септември 2011 година учествуваше на Подготвителниот состанок за XVI Конгрес на Европската конференција на уставните судови што се одржа во Виена.

На состанокот беше одлучено XVI конгрес на Европската конференција на уставните судови да се одржи од 12 до 14 мај 2014 година во Виена на тема „Соработката помеѓу уставните судови во Европа – постојна состојба и перспективи“. На состанокот беа усвоени повеќе заклучоци во врска со организациони прашaња и подготовка на Конгресот.