Учество на Меѓународна конференција по кривично право на тема „Криминалитет – идеи и рестрикции“ во Варшава, Полска

На покана од Уставниот суд на Полска, судиите на Уставниот суд г. Никола Ивановски, г-ѓа Елена Гошева и г. Насер Ајдари и советникот Симона Герасимова-Јовановска учествуваа во работата на Меѓународната Конференција по кривично право на тема „Криминализација-идеи и ограничувања. Принципите на криминализација во уставното право“, која се одржа во Варшава, Полска на 21 и 22 ноември 2019 година .
Судијата Никола Ивановски имаше излагање на тема „Уставна контрола на кривичното право во праксата на Уставниот суд на Република Северна Македонија“. Конференцијата беше посветена на одбележување на стогодишнината од основањето на Кривичниот оддел на Полската комисија за кодификација на законите.