Учество на Меѓународна конференција во Ереван

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски,од 29 септември до 3 октомври 2009 година ќе учествува на XIV Меѓународна конференција во организација на Уставниот суд на Ерменија и Венецијанската комисија на Советот на Европа.

Темата на овогодинешната конференција ќе биде: „Меѓународните искуства од интеракцијата на уставните судови и парламентите во гарантирањето на супрематијата на Уставот“.