Учество на Меѓународен симпозиум по повод 45 Годишнината од постоењето на Уставниот суд на Република Турција

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Судот г-дин Махмут Јусуфи, д-р Зоран Сулејманов, судија на Уставниот суд и Симона Герасимова Јовановска, советник, од денеска престојува во Анкара, каде што ќе учествува на Меѓународниот симпозиум на тема „Улогата на уставните судови во универзалниот мир и средба на цивилизациите“ организиран по повод 45 Годишнината од постоењето на Уставниот суд на Република Турција.

Во рамките на овој настан, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи ќе оствари билатерална средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција г-ѓа Тулај Тугчу на која ќе биде потпишан Меморандум за разбирање за билатерална соработка помеѓу уставните судови на двете земји.