Учество на Конгрес во Регенсбург

Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски, на 5 и 6 декември 2008 година ќе учествува на Десетиот меѓународен конгрес на европското и компаративното уставно право што ќе се одржи во Регенсбург, Германија.

Темите на овогодинешниот Конгрес ќе бидат: „50 години од Уставот на Франција: перспективи од надвор“; и „Најновиот развој на уставното право во Европа: појава на заеднички транснационални принципи“.
Судијата Игор Спировски на Конгресот ќе учествува со излагање на тема: „Европскиот конституционализам на повеќе нивоа: Искуството на Македонија“.