Учество на Делегација на Уставниот суд на Република Македонија на тркалезна маса во Република Црна Гора

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од судиите Бранко Наумоски и д-р Бајрам Положани, во периодот од 14 до 17 февруари 2007 година ќе престојува во Република Црна Гора, по повод тркалезна маса на тема „Положбата и улогата на Уставниот суд во идниот Устав на Република Црна Гора“ во организација на Уставниот суд на Црна Гора и Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора, што ќе се одржи во Подгорица.

На овој настан покрај нашата делегација ќе земат учество еминентни гости од регионот, експерти и судии на уставните судови.