Студиска посета на судија на Уставниот суд на Северна Ирска

Во текот на октомври 2003 година судијата Мирјана Лазарова-Трајковска учествуваше на семинарот насловен како “Управување со мировни процеси” кој се одржа во Северна Ирска. Во текот на оваа неколкудневна студиска посета беа остварени низа контакти со политичари, судии, претставници на невладини организации, беа остварени контакти со Полицискиот Омбудсман на Северна Ирска, Комитетот за еднаквост, Комисијата за човекови права. Меѓу бројните активности беше реализирана и посета на Институтот за истражување на конфликти во Северна Ирска. Покрај судијата Лазарова-Трајковска, на оваа посета присуствуваа и други претставници од Република Македонија и тоа пратеници, претставници на извршната власт, локалните заедници, градоначалници и претставници на невладини организации.