Студенти и ученици од Младинската школа „Ќопру” го посетија Уставниот суд

Студенти и ученици  организирани преку Правната работилница од Младинската школа „Ќопру” го посетија Уставниот суд. 

Присуствуваа на 25. Седница и ја следеа дискусијата на судиите за предметот кој беше ставен на дневен ред и во кој беа оспорени 49 члена од Законот за кривичната постапка. 

По завршување на седницата претседателката Добрила Кацарска ги запозна со улогата и значењето на Уставниот суд,  оценувањето на иницијативи и барања за слободи и права кои се поднесуваат од страна на граѓаните. 

Студентите се интересираа за начинот на кој се носат одлуките во Уставниот суд, областите за кои се работат предметите и нивната примена во пракса. 

Посетата во Уставниот суд се организираше на барање на организацијата и со цел запознавање со надлежностите на Судот, како и важноста на донесените одлуки за граѓаните и за државата.  

На средбата присуствуваше и  раководството на „Ќопру”, претставувано од претседателот Хусрев Емин и потпретседателот Мехмед Ариф.