Средба со д-р Штефани Рикарда Рос и г-дин Анри Боне

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денес оствари средба со д-р Штефани Рикарда Рос, директорка на Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Средбата беше во функција на стручната расправа што во организација на Уставниот суд на Република Македонија и Фондацијата Конрад Аденауер ќе се одржи утре (25 септември) во Скопје. Во рамките на стручната расправа ќе се промовира публикацијата „Избрани одлуки на Уставниот суд на СР Германија“, преведена на македонски јазик, издадена по повод 60 годишнината на Уставот на СР Германија.