Соопштение

Ја известуваме јавноста дека расправата по сите точки од дневниот ред на Деветтата седница заврши и дека седницата е прекината после гласањето по точката во предметот каде се оспорени член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015,197/2017 и 83/2018); и член 72 став 3, во делот: „ценејќи ја законитоста на постапката“ и став 4, во делот: „во случај на груба повреда од одредбите за постапката“, од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019).

Седницата ќе продолжи на 21 април 2021 година со почеток од 9,30 часот, по изјаснувањето на Државната комисија за спречување на корупцијата, по барањето на Уставниот суд за утврдување постоење судир на интереси кај судиите на Уставниот суд во предметот У.бр.247/2020.