Соопштение

Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека Деветтата седница на Судот која требаше да продолжи на 7 април 2021 година (среда), се одложува.

Седницата се одложува поради состојбата со ширењето на коронавирусот, како и поради објективната неможност во моментот да се гарантира заштита од овој вирус на присутните во судницата (судии, вработени во Стручната служба, учесници во постапката, претставници од јавноста, медумите итн.).

Истовремено, Судот ја информира јавноста дека поради оваа состојба, работи со ограничен капацитет, при што е најавена вакцинација на судиите и вработените во Стручната служба во рамките на планираната имунизација на вработените во правосудството во наредниот период, по што се очекува нормализација во работењето.

За датумот кога одложената седница ќе продолжи, јавноста ќе биде благовремено известена.