Соопштение

Во врска со утрешната подготвителна седница на Уставниот суд, ја известуваме јавноста дека поради мерките кои се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот, бројот на места во судницата наменети за претставниците на медиумите е ограничен.

Од тие причини, како и заради информирање на јавноста, Судот ќе издаде посебно соопштение од одржаната подготвителна седница.