Соопштение

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХII седница (денeс, 1 јули 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– одржи подготвителна седница по предметот У.бр.137/2019 во кој е оспорена уставноста на член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015, 197/2017 и 83/2018) и член 72 став 3, во делот: „ценејќи ја законитоста на постапката“ и став 4, во делот: „во случај на груба повреда од одредбите за постапката“, од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 20-а став 5 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” број 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143/2019 и 14/2020);

– одржи подготвителна седница по предметот У.бр.13/2020 во кој е оспорена уставноста на член 143 ставoви 3 и 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија” број 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 142/2016, 132/2017, 168/2018, 247/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 154/2015 и 42/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба, бр.44-3704/1, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 5 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.116/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 94/2020);

– поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 123/2020) и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 169/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа одредба, а врз основа на член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за спроведување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граници на градежен реон на град Куманово, број 09-8741/35 од 27.12.2017 година, донесена од Советот на Општина Куманово, објавена во „Службен гласник на Општина Куманово” број 17 од 29.12.2017 година; Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за спрове- дување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граници на градежен реон на град Куманово, број 09-3091/10 од 04.05.2018 година, донесена од Советот на Општина Куманово, објавена во „Службен гласник на Општина Куманово” број 6 од 08.05.2018 година и Одлуката за дополнување на Одлуката за спроведување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граници на градежен реон на град Куманово, број 09-4318/10 од 08.07.2019 година, донесена од Советот на Општина Куманово, објавена во „Службен гласник на Општина Куманово” број 8 од 10.07.2019 година.

Одлучувањето по предметот У.бр.216/2020, Судот го одложи за наредните седници.