Соопштение

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XVII седница (денeс, 22 мај 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од изменетиот и дополнет дневен ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за катастар и недвижности за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.71/2020);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.80/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита од спасување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.82/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за јавните претпријатија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.82/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за железничкиот систем за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.84/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.86/2020 и 103/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минималната плата во Република Северна Македонија за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.89/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за облигациони односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.89/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.89/2020);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонње на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.89/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за Законот за лизинг за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020 и 90/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020 и 116/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за финансиска подршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот COVID-19 за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.92/2020);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020, 97/2020, 103/2020 и 108);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за пензиско и инвалиско осигурување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основање на Агенцијата за финансиска подрдршка во земјоделството и руралниот развој за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за интервентна набавка на медицински ракавици за време на траење на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.100/2020);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.97/2020); и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.100/2020); и

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за поштенските услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 107/2020).

Судот го одложи одлучувањето по однос на уставноста на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот COVID-10 („Службен весник на Република Северна Македонија“ за некоја од наредните седници.