Соопштение

Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека претседателот на Судот и сите судии, донираа по 20% од својата нето плата за месец април со намена поддршка на активностите за спроведување на мерките за справување на кризата со короновирусот на сметката објавена од Владата на Република Северна Македонија за оваа намена.

Вкупниот износ на средствата изнесува околу 138.000,00 денари.