Соопштение по повод средбата на претседателот на Судот, Сали Мурати, со Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, заедно со судиите д-р Осман Кадриу и Насер Ајдари и генералниот секретар на Уставниот суд, Александар Лазов, денес остварија средба со Н.Е. Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија.

Во пријателска и срдечна атмосфера, на амбасадорот Река му беше презентирана уставната положба на Уставниот суд, неговите надлежности, но и предизвиците со кои се соочува Судот во нивното остварување.

Беше заеднички заклучено дека одличните односи помеѓу двете држави, се отсликани и во односите помеѓу уставните судови на Република Северна Македонија и Република Албанија и нивната соработка во меѓународните асоцијации во кои членуваат и чија меѓусебна соработка се планира во иднина да биде продлабочена.