Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук

На средбата остварена денес помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук, се разговораше за теми од работата и функционирањето на Уставниот суд, досегашната билатерална соработка со Уставниот суд на Украина и можностите за натамошно продлабочување на соработката помеѓу двата уставни суда.

Претседателот Мурати, ги презентираше сите преземени активности од страна на Уставниот суд во насока на целосно остварување на буџетската, функционалната и административната независност на Судот, а со цел реализирање на неговата уставна улога.

Особено важен акцент беше ставен на заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот и потребата од напредување на оваа надлежност на Судот.

На оваа средба, беше изразена заедничка желба за продлабочување на билатералните врски со Уставниот суд на Украина коишто би се засновале со потпишување на меморандум за соработка помеѓу двата суда и остварување на билатерална средба.

Од страна на амбасадорот на Украина, Н.Е. д-р Наталија Задорожњук, беше искажано цврсто уверување и поддршка за остварувањето на планираните заеднички активности.