Соопштение по одржаната XXXV-та седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа XXXV-та седница денеска со три иницијативи на дневен ред и одлучи:

Реферат У.бр.89/2022- ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 17 од Законот за државното правобранителство(„Службен весник на Република Македонија” број 87/2007, 167/2010 и 104/2015)

Подносители: Адвокати Владимир Стојкоски и Глигорие Ќатоски

Реферат У.бр. 77/2022- ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оцену ање на уставноста и законитоста на членот 5 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.149/2021).

Подносител: Синдикат на полиција во Македонија – Велес

Реферат У.бр. 76/2022- не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на стапката на данок на имот, број 07-3165/26 од 29.12.2008 година, донесена од Советот на Општина Охрид на седницата одржана на 29.12.2008 година, објавена во „Службен гласник на Општина Охрид”, број 10 од 30.12.2008 година.

Подносител: Димитрија Атанасовски од Охрид

Повеќе за наводите од иницијативите: http://ustavensud.mk/?p=22885