Соопштение по одржаната XXXIV-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXXIV-та седница (денeс, 9 декември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/2021);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението за избор на Командир на Полициска станица од општа надлежност – Прилеп, донесено од Советот на Општина Прилеп на 59-та седница, одржана на 29.07.2021 година;

– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр.09-1484/7 од 03.03.2017 година за донесување на Детален урбанистички план за блок ССЗ 01.10, Градска четврт ССЗ 01, Општина Карпош-Скопје („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.3/2017), донесена од Советот на Општина Карпош; и

– го одбие барањето за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 на Уставот и го отфрли барањето за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот од член 110 алинеја 3 на Уставот во предметот У.бр.283/2020.

Расправата по предметот У.бр.13/2021 се одложи за една од наредните седници.