Соопштение по одржаната XXX-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXX-та седница (денeс, 10 ноември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 5 став 1 алинеја 4 и член 36 став 1 алинеја 2 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, 11/2018);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 28 став 6 точка 1. потточки 1., 4, и 6. и точката 3 од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија” број 66/2004, 139/2008, 99/2009, 149/2014, 150/2015, 37/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 257/2020) и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 12 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразни болести COVID-19 предизвикана од вирусот SARS-Cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.263/2020 и 269/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 10 став 1 точка 1 од Законот за Фондот за осигурување на депозити („Службен весник на Република Македонија” бр.63/2000, 29/2002, 43/2002, 49/2003, 66/2003, 81/2008, 158/2010, 43/2014, 15/2015, 153/2015, 27/2016 и 83/2018);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 2 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.151/2021), во целина, а посебно во делот: „а најдоцна до 30 јуни 2022 година”;

– ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на согласноста на одредби од Програмата за хуман третман и благосостојба на животни скитници на подрачјето на Град Скопје на ЈП Лајка Скопје за 2021 година, бр. 02-720/6 од 09.12.2020 година, во кои се содржат формулациите: „трајно згрижување во азил“ (точка 3 став 1) и „носи во азил за бездомни животни“ (точка 5.4 став 5) со Законот за заштита и благосостојба на животните и со Правилникот за техничките услови за прифатилиштата, условите за чување на животните во прифатилиштата, постапките за еутаназијата, начинот на водење на евиденција и начинот на вршење надзор, формата и содржината на регистарот и начинот на регистрација, како и информациите потребни за регистрација и

– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот, од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија во предметот У.бр.5/2019.

Расправата по предметот У.бр.21/2020 се одложи за една од наредните седници.

По предлогот за одлучување во предметот У.бр.219/2020 не беше донесена одлука, од причини што предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.