Соопштение по одржаната XXVI-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXVI-та седница (денeс, 13 октомври 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од изменетиот дневен ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 16 во целина, а посебно ставовите 3 и 4 од Законот за земјоделското земјиште (“Службен весник на Република Македонија” бр.135/2007, 18/2011, 148/2011, 95/2012, 79/2013, 87/2013, 106/2013, 164/2013, 39/2014, 130/2014, 166/2014, 72/2015, 98/2015, 154/2015, 215/2015, 7/2016 и 39/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.161/2019);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 4 став 5 во делот: „корисник” и член 8 став 1 точка 1) во делот: „користи” од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.151/2021);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 218-а ставовите 1, 2, и 3 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.36/2010, 132/2010, 23/2011, 47/2011, 148/2011, 55/2012, 77/2012, 29/2014, 33/2015, 193/2015, 193/2015, 71/2016, 101/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019; 14/2020) и

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 48 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија” бр.58/2000, 44/2002, 82/2008, 167/2010, 51/2011 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 96/2019, 110/2019 и 154/2019).

Во предметот У.бр.80/2021 не се донесе одлука од причини што предлогот не го доби потребното мнозинство.

Во предметот У.бр.66/2021 во кој се одлучува по барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, Судот одлучи да одржи јавна расправа.

Точката со реферат У.бр.21/2021, У.бр.23/2021 и У.бр.28/2021 беше повлечена при утврдување на дневниот ред.