Соопштение по одржаната XXIV-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XXIV-та седница (денeс, 29 септември 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 во делот „управните и стручни“ од Законот за лековите и медицинските средства“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.106/2007, 88/2010, 36/2011, 53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 154/2015, 228/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 1132018, 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.28/2021 и 122/2021;

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 51 став 4 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 279/2019, 302/2020, 311/2020 и 163/2021);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 130 став 3 од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија” број 150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 8 став 2 од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во „Службен весник на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија” број 56/1999 и 43/2002 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 21/2021);

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 163 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија” број 302/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Колективен договор на Министерството за одбрана случен помеѓу Независниот синдикат на одбраната и Министерството за одбрана на 11 ноември 2019 година („Службен весник на Република Македонија“ број 238 од 18 ноември 2019 година) и

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 20 од Правилникот за начинот на спроведување на возачки испити и поблиските критериуми во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на испитните центри и водењето на евиденциите во врска со спроведените возачки испити, како и начинот на издавање и одземање на лиценца за испитен центар, формата и содржината на образецот на лиценцата за испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр.139/2016).

Во предметот У.бр.52/2020 во кој се одлучува по барање за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, Судот одлучи да одржи јавна расправа.