Соопштение по одржаната XXII седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска одржа седница на која се расправаше по две иницијативи и едно барање за заштита на слободи и права и одлучи да :

1.Реферат У.бр.126/2021не поведе постапка за оценување на уставноста на член 200 став 5 од Законот за стечај („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/2006, 126/2006, 84/2007, 47/2011, 79/2013, 164/2013, 29/2014, 98/2015 и 192/2015);

Подносител: Д-р Марјан Попески

2.Реферат У.бр.41/2022- ја отфрли иницијативата за поведување  постапка за оценување на уставноста во делот „или е под суспензија или е укинат“ од став 3 од член 57 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020)

Подносител: Кристина Бачовска Синколи преку адвокат Роберт Бачовски Синколи од Скопје

3.У.бр.146/2021 – Предлогот не го доби потребното мнозинство гласови за одбивање на барањето за заштита на слободи и права во кое се оспорени Пресудата МАЛВП-705/20 од 14.04.2021 година на Основниот граѓански суд Скопје и Пресудата ГЖ-2666/21 од 30.09.2021 година на Апелациониот суд Скопје

Подносител: Влатко Стојановски преку адвокат Филип Медарски од Скопје