Соопштение по одржаната VIII-ма седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната VIII-ма седница (денeс, 10 март 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 281-а од Законот за семејството („Службен весник на Република Македонија” број 80/1992, 9/1996, 38/2004, 33/2006, 84/2008, 67/2010, 156/2010, 39/2012, 44/2012, 38/2014, 115/2014, 104/2015 и 150/2015).

– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, во предметот У.бр.317/2020.

Расправата по предметот У.бр.311/2020 се одложи за една од наредните седници на Судот.