Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната IV седница (денeс, 10 февруари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:
– не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.7/2019.
– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на членот 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ бр.53/2016) и делот „ставот 9 на“ од член 81 став 9 од Законот за лековите и медицинските средства („Службен весник на Република Македонија“ број 106/2007, 88/2010, 36/2011, 53/2011, 136/2011, 11/2012, 147/2013, 164/2013, 27/2014, 43/2014, 88/2015, 154/2015, 228/2015, 7/2016, 53/2016, 83/2018, 113/2018 и 245/2018).
– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 ставови 3 и 4 од Правилникот за составот на испитната комисија, начинот на полагање на стручниот испит, начинот на проверката на стручните знаења и вештини и обрасците на уверението за положен стручен испит на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, број 02-438/3 од 2 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.148/2020), донесен од Собранието на Стоматолошката комора на Македонија и да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 13 ставови 1 и 2 од предходно наведениот Правилник;
– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 34 став 1 и 2 во делот на процентите кои се однесуваат на маж, зборовите: „(маж), односно” и зборот: „(жена)”; член 35 став 1 во делот на годините кои се однесуваат на маж, зборовите „години (маж), односно над” и зборот: „(жена)”; член 52 ставови 3 и 4 во делот на прикажаната табела: колоната која се однесува на маж и зборот: „жена”; член 77 во делот: „55 години живот (маж), односно” и зборот „(жена)”; член 78 став 2 во делот: „1,08% (маж) и” и зборот: „(жена), став 3 во деловите: „2,22% од пензиската основица за маж, односно” и зборовите: „за жена” и „1,08% од пензиската основица за маж, односно” и зборовите: „за жена” и став 4 во делот: „2,48% за маж и” и зборовите: „за жена”; член 83 во делот: „55 години живот (маж), односно” и зборот: „жена”; член 85 во делот: „55 години живот (маж), односно” и зборот: „жена”; член 86 во делот: „55 години живот (маж) и” и зборот:„жена”; член 87 став 2 во делот: „1,08% (маж) и” и зборот: „жена”, став 3 во деловите: „2,22% од пензиската основица за маж, односно” и зборовите: „за жена” и 1,08% од пензиската основица за маж, односно” и зборовите: „за жена” и став 4 во делот: „2,48% за маж и” и зборовите: „за жена”;
Расправата по предметот У.бр.296/2020 се одложи за една од наредните седници на Судот.
По предметите У.бр.14/2020, У.бр.36/2020 и У.бр.192/2020 Судот одлучи да се одржи подготвителна седница, чиј датум ќе биде дополнително утврден.