Соопштение по одржаната III-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната III седница (денeс, 4 февруари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на: член 9 став 2; делот од воведната реченица на членот 10: „извршени во здравствени установи кои се надвор од мрежата на здравствени установи, во која се врши здравствена дејност, како и:“; делот: „и здравствени услуги и права кои произлегуваат од извршени здравствени услуги во здравствени установи каде што фондот не го обезбедил вршењето на такви здравствени услуги“ од член 10 точка 8; и член 29 став 3 од Законот за здравственото осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.25/2000, 34/2000 исправка, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007, 36/2007, 82/2008, 98/2008, 6/2009, 67/2009, 50/2010, 156/2010, 53/2011, 26/2012, 16/2013, 91/2013, 187/2013, 43/2014, 44/2014, 97/2014, 112/2014, 113/2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 98/2015, 129/2015, 150/2015, 154/2015, 192/2015, 217/2015, 27/2016, 37/2016, 120/2016, 142/2016 и 171/2017 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 16 од Законот за Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/2000, 12/2003, 55/2005, 37/2006, 115/2007, 19/2008, 82/2008, 10/2010, 51/2011, 15/2013, 139/2014, 196/2015, 142/2016 и 140/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.98/2019);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 76 став 2 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011,11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016 и 120/2018) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Заклучокот донесен на работната средба на граѓанските оддели на Апелациони судови Скопје, Битола и Штип одржана на 02.03.2007 година;

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е.”2” локалитет “Сопотски пат”, плански опфат меѓу ул.”Карпошева”, “Скопска”, “4-ти јули”, “19-ти ноември”, “11-та Македонска бригада” и “100”, Општина Свети Николе 2011-2016 година, донесена од Советот на Општина Свети Николе бр.0701-740 од 29.08.2012 година, објавена во „Службен гласник на Општина Свети Николе” број 11/2012 од 29.08.2012 година; и

– го отфрли барањето за заштита на слободи и права по основ на социјална припадност во предметот У.бр.313/2020.