Соопштение по одржаната II-ра седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната II седница (денeс, 26 јануари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– ги отфрли иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на Одлуката за избор на Влада на Република Северна Македонија број 08-2744/1 од 30 август 2020 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.210/2020).

– не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 23 ставови 5, 6, 7, 8 и 9 од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/2020).

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 95 став 1 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ број 72/2016, 142/2016 и 233/2018) и ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на член 95 став 4 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ број 72/2016, 142/2016 и 233/2018).

– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата што се однесуваат на забрана на дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност во во предметот У.бр.286/2020.

Расправата и одлучувањето по предметот со У.бр.83/2019 се одложи за една од наредните седници.