Соопштение по одржаната 6-та седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 6-та седница на која се дискутираше по седум предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост.

1. Реферат У.бр.103/2022

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на член 78-г од Законот за градење

Подносител на иницијативата: Даниел Георгиевски од Скопје

2. Реферат У.бр.210/2023

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 3 став 1 точка 2) во делот „најмногу до 65 годишна возраст” од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев од Скопје

3. Реферат У.бр.93/2023

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за суспензија од примена на Детален урбанистички план за дел од Урбан блок 48 (дел 2) и за дел од У.Е. „Б.С. Гојчо“, дел од Урбан блок 44, плански опфат помеѓу бул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва петолетка“ и ул. „Миле Кипра“-Општина Куманово, (2018-2023) со површина од 3.24ха, со технички бр. 19/18 од јули 2021, изработен од ДУПИ Планерис ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, донесен со Одлука бр. 09-9525/41 од 28.12.2021 година, бр. 09-4569/3 од 06 јуни 2023 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр.9 од 07.06.2023 година) и воедно го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорената одлука односно донесе т.н. времена мерка.

Подносители на иницијативата: ДПТУ УПМ-ГРУП ДООЕЛ Куманово, ТДВНППУ ХРОМАК Емил ДООЕЛ увоз – извоз Куманово, застапувани од адвокатите Виктор Божиновски и Борче Ивановски, двајцата од Куманово

4. Реферат У.бр.10/2023

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 1 од Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 281/2022) и член 49 од Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен весник на Република Македонија“ бр. 141/2014 и 36/2016)

Подносител на иницијативата: Славко Димитров од Скопје

5. Реферат У.бр.38/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Лозово бр. 0101-216/1 од 07.04.2006 година и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

6. Реферат У.бр.54/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Струга бр.08-1535/3 од 16.04.2018 година и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

7. Реферат У.бр.78/2024

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Неготино („Службен гласник на Општина Неготино“ бр.3/2006) и воедно одлучи и да го запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на одредбите од оспорениот акт.

Предметот е оформен по сопствена иницијатива на Уставниот суд.

Напомена: Ова соопштение ги содржи информациите за одлученото