Соопштение по одржаната 43. седница на Уставниот суд

По одржаната 43. седница на Уставниот суд на која беа разгледани седум иницијативи за оценување на уставност, Судот одлучи: 

1.Реферат У.бр.66/2023

Сe отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 72 став 6 од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија” број 102/2019).  

Подносител: Врховен суд на Република Северна Македонија 

2. Реферат У.бр.192/2023 и 193/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 66 ставови 3 и 4 од Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.203/2022 и 59/2023 – автентично толкување).

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на Автентичното толкување на член 66 став 3 од Законот за буџети („Службен весник на Република Северна Македонија“ 203/2022) објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 59/2023.

Се запира извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на член 66 став 3 од Законот означен во точката 1 од ова решение.

Подносител на иницијативите: Mирослав Драганов

3.Реферат У.бр.122/2023

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр.08-1417/4 од 14.10.2015 година за утврдување на усло­ви за начинот на градење во се­ло Лагадин, Општина  Охрид за кое нема урбанистички план, донесена од Советот на Општина Охрид на седница одржана на 14 октомври 2015 година и објавена во („Службен гласник на Општина Охрид“ бр.11 од 15 октомври 2015 година) и Решението Уп2 бр.120/2017 од 01.12.2022 година на Министерството за транспорт и врски.

Подносител: Бисера Костадиновска- Стојчевска

4.Реферат У.бр.107/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за начинот на утврдување на несообразноста и висината на процентот на намалување на директни плаќања во случај на несообразност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.131/2023)

Подносител на иницијативата: Министерство за правда

5.Реферат У.бр.146/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.276/2022).

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

6.Реферат У.бр.149/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста на Правилникот за видот на штетни материи, како и начинот и методите на земање примероци за утврдување на штетните материи и други загадувачи/контаминенти (физички, хемиски и биолошки) во обработениот тутун и производи од тутун („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.84/2023).

Подносител на иницијативата: Кренар Лога

7.Реферат У.бр.127/2023

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 30 став 1 втора реченица од Правилникот за работа во странство бр.12-2086 од 07.02.2013 година донесена од Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје, и точка 4 став 1 од Одлуката за организирање работна единица и организација на работењето во Бања Лука Р.Српска, бр.12-2076 од 06.02.2013 година донесена од Управниот одбор на ГД Гранит АД Скопје.

Подносител на иницијативата: Ќирил Величковски, адвокат

Напомена: Ова соопштение содржи информации само во  врска со одлученото, Судот дополнително ги објавува целосните одлуки на веб страница.

43. седница се одржа на 5 декември 2023 година.