Соопштение по одржаната 4. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 4. седница  со дневен ред на кој се дискутираше за две иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права и одлучи: 

У.бр.129/2022

Поради недоволно мнозинство гласови Уставниот суд не одлучи по дадениот предлог за отфрлање на иницијативата со која е оспорена точката 37 од став 1 на член 132 од Законот за безбедност на храна.

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

У.бр.2/2021

Не се поведува постапка за член 12 став 6 од Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи(„Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 87/2020).

Подносител на иницијативата: Македонско здружение на млади правници Скопје преку адвокатка Павлина Зефиќ

II- БАРАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА

У.бр.316/2020

Го отфрли барањето за заштита на слободите и правата. 

Подносител на барањето: Антонијо Милошоски од Кичево, застапуван од Петро Јанурa, адвокат

Оспорени акти: Обвинителен акт КО.бр. 3998/19 од 24 август 2020 година на Основното јавно обвинителство  Скопје  поднесен  до Основниот кривичен суд Скопје и Решение 11 К-ООА бр.96/2020 од 7 октомври 2020 година на судија за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд Скопје- Кривичен оддел.

Напомена: Поради барање од медиумите за овој предмет е објавено посебно соопштение чија содржина може да ја најдете на овој линк.