Уставниот суд денеска ја одржа 30. седница на која расправаше по четири иницијативи за оценување на уставноста и законитоста одлучи да:
1.Реферат У.бр.123/2021
Се отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 146 став 2 и став 3 од Законот за парничната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.79/2005, 110/2008, 83/2009, 116/2010 и 124/2015).
Подносител на иницијативата: Стефчо Костов од Скопје
2.Реферат У.бр.37/2022
Предлогот на судијата-известител да се отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката на Советот на Општина Ново Село бр. 08-288/1, не беше усвоен, поради недобиено мнозинство гласови.
Подносител на инцијативата: Градоначалник на Општина Ново Село Ѓорѓе Божинов
3.Реферат У.бр.13/2022
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 15 точките 3 и 5, член 16 точките 5 и 8, член 18 ставовите 1 и 2, член 19 ставовите 6 и 8, член 20 став 1, член 28 ставовите 2 и 4, член 33 став 3, член 35 ставовите 1 и 3, член 40 став 5, член 42 став 3, член 49 став 2 и член 57 ставовите 1, 2 и 3 од Статутот на Стоматолошката комора на Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 118/2021 од 01.06.2021 година) и се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на согласноста на член 35 од Статутот со членовите 10, 11 и 13 од Статутот на Стоматолошката комора на Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 118/2021 од 01.06.2021 година).
Подносител на иницијативата: Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина Кавадарци
4.Реферат У.бр.132/2021
Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Тарифниот број 6 од Правилникот со тарифа за користење на авторски музички дела на Здружението за заштита на авторски музички права „ЗАМП“ – Скопје („Службен весник на Република Македонија“ бр.153/2017).
Подносител на иницијативата: Производно, трговско, градежно и услужно друштво НАБИЗИ ДОО Струга, застапувано од Игор Петковски, адвокат од Битола
Повеќе од наводите во иницијативите: http://ustavensud.mk/?p=22707