Соопштение по одржаната 29. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 29. седница на која се дискутираше по четири точки на дневен ред и одлучи:

1.Реферат У.бр.12/2023

Се отфрла иницијативата за оценување на уставност на член 128 став 4 од Законот за вонпарнична постапка. Судот утврди дека веќе еднаш одлучувал за истата работа. 

Подносител: Санде Пејоски

2.Реферат У.бр.65/2023

Се отфрла иницијативата за оценување на уставност на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 деница Тетово-Гостивор-Букочани и Требеништа-Струга-Ќафасан и коридорот 10-д делница Прилеп-Битола. 

Уставниот суд утврди дека станува збор за пресудена работа, односно претходно одлучувал по ова правно прашање, при што се исполнети условите согласно член 28 од Деловникот за работа на Уставниот суд, за отфрлање на иницијативата. 

Подносител на иницијативата: Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

3.Реферат У.бр.77/2023

Се отфрла  иницијативата за оценување на уставност на Делот „за државните службеници“ од член 142 став 1 од Законот за лекови и медицински средства и член 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства. Судот утврди дека оспорената одредба е надвор од правниот поредок. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

4.У.бр.78/2023

Се отфрла иницијативата за оценување на член 28 од Законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства бидејќи станува збор за одредба која е вон правниот поредок. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев