Соопштение по одржаната 20. седница на Уставниот суд

На 3 јули Уставниот суд ја одржа 19. седница на којашто се дискутираше по десет иницијативи за оценување на уставност и законитост. Судот гласаше по дискусијата при што одлучено е следното: 

  1. Реферат У.бр. 83/2022

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 22-а став 1 точка 2 од Законот за денационализација („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1998, 18/1999, 31/2000, 42/2003, 64/2003, 44/2007, 72/2010, 171/2010, 8/2011, 55/2013, 33/2015 и 104/2015). 

  1. Реферат У.бр. 200/2023

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на член 38-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019). 

  1. Реферат У.бр. 209/2023

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 42 став 8 во делот „став (7)“ од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019 и 253/2023). 

  1. Реферат У.бр. 11/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на уставноста на член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.122/2021).

  1. Реферат У.бр. 112/2024

Не се поведува постапка за оценување на уставноста на  член 12 став 4 во делот „и тарифата од ставот (3) на овој член” од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на Република Северна Македонија” број 101/2019) и Тарифата за надомест на трошоците за работа на здруженијата и правните клиники за давање на примарна правна помош, донесена од министерот за правда, број 01-4047/1 од 26.09.2019 година, („Службен весник на Република Северна Македонија” број 199/2019).

  1. Реферат У.бр. 148/2024

Се поведува постапка за оценување на уставноста на член 26 став 2 во делот „во рок од 30 дена“ од Законот за управните спорови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/2019).

  1. Реферат У.бр. 113/2021

Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Упатство за начинот на мерење на гледаноста и слушаноста на програмите, односно програмските сервиси на радиодифузерите во Република Македонија („Службен весник ан Република Македонија“ бр.198/2014 и 219/2015). Судот на седницата одлучи да се запре извршувањето на поединечните акти и дејствија коишто се преземени по основ на оспореното Упатство. 

 8. Реферат У.бр. 137/2022

Не се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 1 и член 4 од Одлуката за јавните паркиралишта од значење за Градот Скопје, како и Одлуката во целина, донесена од Советот на Град Скопје, број 07-3395/1 од 04.12.2008 година, објавена во „Службен гласник на Град Скопје” број 17/2008.

Се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 5 од Одлуката, означена во точка 1 од Решението.

  1. Реферат У.бр. 19/2023

Се поведува постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилник за начинот и постапката на утврдување на исплата на надоместок на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, заведен под број 08-12159/20 од 28 октомври 2022 година, донесен од Советот на Општина Тетово и објавен во „Службен гласник на Општина Тетово” бр.14 од 31 октомври 2022 година. 

  1. Реферат У.бр. 166/2024

Се отфрла иницијативата за оценување на уставност и законитост на Одлука за давање на трајно користење на недвижни ствари на ЈП „Тетово Транспорт“ – Тетово, бр.08-12322/67 од 27.09.2023 година („Службен гласник на Општина Тетово“ бр. 15/2023).

Напомена: Судот во ова соопштение го објавува исходот од гласањето на седницата, дополнително ќе бидат објавени аргументите за донесените одлуки и решенија.