Соопштение по одржаната 17. седница на Уставниот суд

По одржаната 17. Седница со дневен ред на којшто се дискутираше по 6 предмети за оценување на уставност и законитост и по три предлози за одлучување, Судот одлучи:

1. Реферат У.бр.75/2022

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 3 и член 16 став 1 од Законот за даноците на имот („Службен весник на Република Македонија“ бр. 61/2004, 92/2007, 102/2008, 35/2011, 53/2011, 84/2012, 188/2013, 154/2015, 192/2015, 23/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.151/2021) и не поведе постапка за оценување на уставноста на член 6 став 1 и став 2 , член 9, член 16 став 2 и член 22 став 1 од истиот закон.

Подносител на иницијативата: Димитрија Атанасовски

2. Реферат У.бр.45/2022

Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на член 9 став 3 во делот „германски марки (ДЕМ)“, на членовите 22, 26 став 2, 86-б став 1 и член 111 став 1 во делот „ДЕМ“ од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/1993, 48/1993, 21/1998, 25/1999, 39/1999, 81/1999, 49/2000, 6/2002, 31/2003, 38/2004, 35/2006, 84/2007, 123/2012 и 25/2015) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 86-а став 2 во делот “Законот за инвестициони фондови“, од Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/1993, 48/1993, 21/1998, 25/1999, 39/1999, 81/1999, 49/2000, 6/2002, 31/2003, 38/2004, 35/2006, 84/2007, 123/2012 и 25/2015).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

3. Реферат У.бр.87/2024

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 13 став 9 во делот „согласно Законот за извршување“ од Законот за бесплатна правна помош („Службен весник на РСМ“ бр.101/2019).

Подносител на иницијативата: Оливер Давидовски

4. Реферат У.бр.122/2024 и У.бр.123/2024

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/2024) и ги отфрли иницијативите во делот во кој се бара оценување на согласноста на оспорените закони наведени во точката 1 на ова решение, со член 2 став 2 од Законот за платите на судиите („Службен весник на Република Македонија” број 110/2007, 103/2008, 161/2008, 153/2009, 67/10, 97/10, 135/11, 231/15, 248/18 и 51/2024), со член 2 став 2 од Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 139/2009, 67/2010, 97/2010 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/2024) и со член 60 ставови 2 и 3 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број
58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019).

Подносители на иницијативите: Судски совет на Република Северна Македонија, преку неговиот претседател Весна Дамева и Здружение на судиите на Република Северна Македонија, преку неговиот претседател д-р Џемали Саити

Повеќе детали се објавени во посебно соопштение по овој предмет.

5. Реферат У.бр.201/2023

Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 1 од Одлуката за утврдување на цени на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад во Општина Куманово бр.09-5643/10 од 12 јули 2022 година („Службен гласник на Општина Куманово” бр.9/2022).

Подносител на иницијативата: Виктор Божиновски, адвокат од Куманово

6. У.бр.125/2024

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на законитоста на Одлуката за пристапување кон изработка на Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела на КП 9800 КО Виница со намена семејна станбена куќа, согласно ДУП за г.Виница (Одлука бр.0201-579 од 28.10.1997 година), Општина Виница – КО Виница, Општина Виница, донесена од Советот на Општина Виница, број 09-193 од 29.02.2024 година, објавена во „Службен гласник на Општина Виница”, број 3/2024.

Подносител: Петруш Пецов од Виница

7. Предлог за одлучување по У.бр.147/2021

Судот одлучи да ги укине Одлуката за критериуми при избор на спроведувачи на континуирано стручно усовршување, број 17-234/3 од 19.02.2021 година и Јавниот повик за избор на спроведувачи на континуирано стручно усовршување за период 2021-2025 година, број 17-271/1 од 19.02.2021 година, донесени од Комисијата за стручни стоматолшки прашања на Стоматолошката комора на Македонија.

Подносител: Здружение на приватни стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина од Кавадарци

8. Предлог за одлучување по У.бр.36/2022

Судот одлучи да го укине член 2 од Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надомест за приватизација на градежно земјиште, донесена од Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.81/2022).

Подносител на иницијативата: Емануел Тасев

9. Предлог за одлучување по У.бр.130/2022

Судот одлучи да го укине член 2 ставови 1 и 4 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.158/2010, 123/2012, 43/2014, 153/2015, 6/2016 и 83/2018, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/2021).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев