Соопштение по завршената XXVIII-та седница на Уставниот суд

По завршената XVIII-та седница Уставниот суд одлучи да:

1.Реферат У.бр.56/2022- не поведе постапка за оценување на уставноста на член 66 став 1 алинеја 8, насловот на членот 168 во делот „членување“, членот 168 став 1 во делот „да биде член на политичка партија“ и членот 187 точка 21 во делот „членува во политичка партија“ од Законот за внатрешни работи („Службен весник на Република Македонија бр. 42/2014; 116/2014; 33/2015; 33/2015; 5/2016; 120/2016; 127/2016; 142/2016; 190/2016; 21/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.108/2019; 275/2019; 110/2021; 89/2022) и ја отфрли иницијативата во делот во кој се бара оценување на меѓусебната согласност на Законот за внатрешни работи со Законот за спречување и заштита од дискриминација („Службен весник на Република Македонија“бр.50/2010), Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 74/2015)и со Законот за политичките партии („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 76/2004; 5/2007; 8/2007; 5/2008 и 23/2013)

Подносител на инцијативата:Владимир Петрушевски

2.Реферат У.бр.122/2021– не поведе постапка за оценување на уставноста член 25 став 1 точка 11 од Законот за управните спорови
(„Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019).

Подносител на инцијативата: Стефчо Костов

3.Реферат У.бр.4/2022– Предлогот не го доби потребното мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: Стопанска комора на Северна Македонија