Соопштение на Судот по одржаната XII-та седница

Почитувани,

Уставниот суд денеска ја одржа дванаесеттата седница за 2022 година на која присуствуваа сите петмина судии. На дневен ред беа ставени три иницијативи и едно барање за заштита на слободите и правата на граѓанин, но за ниту една од точките не се донесе одлука/решение поради недоволното мнозинство на гласови. Ова е прва седница на Судот на која не се донесе ниту една одлука или решение од точките предвидени на дневен ред.

Уставниот суд повторно алармира за сериозноста на ситуацијата затоа што доведено е во прашање носењето на одлуки поради некомплетниот состав веќе неколку месеци. Се работи на граница на кворум за одржување на седници, информираме дека повеќе од 30 предмети за кои не е добиено мнозинство во изминатиот период чекаат комплетен состав на уставни судии. Состојбата загрижува со оглед дека остануваат голем број на предмети поради недобиено мнозинство, а постои опасност иницијативите кои во меѓувреме пристигнуваат да треба да чекаат повеќе од предвидениот период за ефикасно решавање кое Судот го предвиде во годишната програма.

Ве известуваме дека предметите кои денеска беа ставени на дневен ред (У.бр.144/2021, У.бр.59/2020, У.бр.8/2022 и 52/2020) ќе бидат повторно ставени на гласање на некоја од наредните седници кога Уставниот суд ќе има комплетен состав.