Соопштение за одржување подготвителна седница

Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека на денешниот работен состанок одлучи да одржи подготвителна седница за предметите во кои е оспорена уставноста на:

1. Указот за прогласување на Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резoлуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резoлуциите 817(1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните; и

2. Указот за прогласување на Законот за употреба на јазиците и Законот за употреба на јазиците.

Подготвителната седница ќе се одржи на 18 март оваа година со почеток од 10,00 часот.