Соопштение за медиумите

Поради мерките коишто се преземаат за спречување на ширење на коронавирусот, Уставниот суд соопштува дека бројот на места во судницата наменети за претставниците на медиумите е ограничен.

Од тие причини, како и заради информирање на јавноста, Судот по завршувањето на утрешната седница, ќе издаде посебно соопштение за одлуките кои ќе бидат донесени по точките од дневниот ред.

Исто така, во 13,00 часот истиот ден, генералниот секретар на Судот, ќе оствари брифинг со претставниците на медиумите на кој ќе бидат соопштени одлуките на Судот.