Регионална тркалезна маса во Дубровник

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судиите на Уставниот суд Лилјана Ингилизова Ристова и Игор Спировски од 23 до 26 октомври 2008 година ќе престојува во Дубровник на регионална тркалезна маса на уставните судови од просторите на поранешна Југославија што се одржува на секои две години. Оваа година организатор на регионалната тркалезна маса е Уставниот суд на Република Хрватска, а темата на средбата е „Уставната тужба како правно средство за заштита на човековите права и основните слободи“.