Работна средба на претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија со делегација на Уставниот суд на Република Косово

Денес, претседателот на Уставниот суд, г-ѓа Добрила Кацарска и судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија, ќе остварат работна средба со делегација на Уставниот суд на Република Косово, на која ќе се разговара за надлежностите на двата суда и нивата идна соработка.

Средбата ќе започне во 10 часот во просториите на Уставниот суд, а потоа работниот состанок ќе продолжи во Клуб на пратеници.