Присуство на церемонија на Венецијанската Комисија

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата д-р Наташа Габер-Дамјановска ќе присуствуваат на формалната церемонија по повод 20 години од постоењето на Венецијанската Комисија што ќе се одржи на 5 јуни 2010 година во Венеција.