Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска со писмо го извести претседателот на Собранието Талат Џафери за истекот на мандатот на судијата Вангелина Маркудова

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска со писмо го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери дека на 7 декември истекува мандатот на судијата на Уставниот суд, Вангелина Маркудова и дека согласно Уставот се исполнети условите за започнување на постапката за утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд од редот на судиите согласно алинеја 7 точка 1 од Амандманот XXIX на Уставот на Република Северна Македонија.